Фудбал
Монако и Погба го раскинуваат договорот
Управата на Монако објави дека го раскинува договорот со фудбалерот од средниот ред Пол Погба.
– Споделувајќи го ставот дека првичните цели беа само делумно постигнати, Монако и Пол Погба одлучија, пред првиот официјален натпревар од оваа нова сезона, да го раскинат договорот, кој ги обврзува до јуни 2027 година. Клубот изразува целосна благодарност до победникот на Светското првенство во 2018 година за неговата доверба и исклучителниот професионализам што го покажа во текот на целото време поминато со Монако, се вели во соопштението на клубот.
Триесет и тригодишниот Французин во Монако дојде во јули 2025 година. Поради многуте повреди, тој одигра вкупно шест натпревари за тимот, без да постигне гол.
-Сакам да им се заблагодарам на претседателот и раководството, моите соиграчи, целиот тренерски персонал и сите навивачи кои веруваа во мене. Претставувањето на овој клуб и Кнежевството беше неверојатно искуство, рече играчот.
„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 2,5 милиони евра.
август 20, 2026
