Connect with us

Општини

Велешките пожарникари го изгаснаа шумскиот пожар кај село Карабуниште

Територијалната противпожарна единица Велес утрово во 7 часот почнала да интервенира на шумскиот пожар кој се движел во насока на велешкото село Карабуниште со едно противпожарно возило возило и четворица пожарникари. По пристигнување на лице место велешките пожарникари веднаш пристапиле со гасење на кракот кој преставувал опасност за селото и истиот попладнево е изгаснат, а велешките пожарникари околу 15 часот се вратија во Велес,  информираат попладнево  за МИА од ТППЕ Велес.

Како што појаснија, пожарот кој се движеше кон село Карабуништа е само еден од краците од големиот шумски пожар кој веќе неколку дена беснее со неколку крака и зафаќа голем реон со квалитетна непристапна дабова шума. Поради густата шума се уште беснее крак од овој пожар на потегот од  велешкото село Бузалково кон планината Браза.

Еден крак со густа непроодна дабова шума веќе неколку дена гори и на потег од планината Браза кон село Добрино, скопско.