Connect with us

Општини

Пожар во Косматац, кумановско, опожари седум хектари сува трева и пет стари куќи

Сува трева на површина од околу седум хектари и пет стари ненаселени куќи биле опожарени во пожар што вчера избувнал во кумановското село Косматац, соопштија денеска од СВР Куманово. 

-На 13 август 2026 година во СВР Куманово било пријавено дека околу 16:00 часот во село Косматац, Кумановско, настанал пожар. Во пожарот била опожарена сува трева на површина од околу седум хектари, како и пет стари куќи во кои не живеел никој- наведуваат од СВР Куманово.

Повредени лица нема.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.

-Во Слупчане пак интервениравме на опожарена плевна. Пожарот е изгаснат со две екипи и две возила- изјави командирот на ТППЕ Куманово, Борис Станковски.