Connect with us

Општини

Велешани од сите генерации го проследија музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“

Во преполниот парк со публика од сите генерации во Велес синоќа се одржа големиот  музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, посветен на 35 години независност на Македонија.

Настапија околу 80 уметници од забавната и народната музика со познати евергрини, а  преку музика, поезија, глума и танц пред  многубројната публика која им ракоплескаше и пееше во рефрен со нив. Уметниците како ѕвезди од бината ги поведоа присутните  низ приказната за убавините на Македонија – низ нејзините подеми и предизвици, минато и сегашност, потсетувајќи на сето она што нè обединува и на она што со гордост го нарекуваме свое, потенцираат денеска од Општина Велес.

Од Општина Велес кои беа одлични домаќини на големиот караван на познати музичари и ѕвезди од естрадата, денеска оценуваат  дека синоќа беше ноќ за паметење  кога  илјадници гласови, погледи и емоции  се споија во едно, зборовите станаа премалку, кога имаме емоции  со љубов за нашата  Македонија.

Воедно потенцираат  дека кај присутните се чувствуваше гордост и  емоции што се живее и достоинство со кое се слави нашата  Македонија.

Од  бината уметниците ни  порачаа секое место на светот  е убаво, но за нас Македонците има само еден дом ,тоа се  нашите  родните огништа каде не чека нашата една мила Македонија. Воедно од свечената бина  организаторите и присутните  испратија и голем  поздрав до сите наши Македонци каде и да се’ во светот.

Присутните со големи емоции изјавија дека спектаклот навистина бил величествен и уживале.во изведбата на уметниците.

Мира Петрова, која присуствуваше на концертот, за МИА вели дека е среќна што и Велес е дел од овој голем спектакл за 35 години независност на Македонија и дека цело време со своите пријателки  уживале и пееле заедно со македонските ѕвезди од естрадата.

На видео бим беа пуштени и песни со Тоше Проески и Владо Јаневски, а публиката пееше и плачеше со насталгија што  ги нема нивните  омилени идоли.