Connect with us

Тенис

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на W75 турнирот во германскиот град Лајпциг откако во второто коло го предаде мечот против Алена Ковацкова од Чешка. Таа во вториот сет прв водство на ривалката со 1-0 во сетови и 2:1 во гемови го предаде мечот.

Ривалката го доби првиот сет со 6:1 во гемови, откако поведе со 5:0. На стартот на вториот сет Ѓорческа по 14 одиграни поени го доби првиот гем, но потоа следните два гема и припаднаа на Ковацкова и потоа го предаде мечот.

Турнирот во Германија се игра за награден фонд од 60.000 американски долари. Следната недела македонската тенисерка е пријавена за настап во Куршумлијска Бања.