Connect with us

Филм

Кибер-напад на фестивалот „Трибека“, украдени податоците на повеќе познати светски ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли и Роберт де Ниро

По кибер-нападот на филмскиот фестивал „Трајбека“, на интернет можат да се најдат приватни телефони и е-пошти на многу холивудски ѕвезди, меѓу кои и Анџелина Џоли и Роберт де Ниро. Базите содржеле околу 666.000 податоци од 2019 до 2026 година, поврзани со годишниот филмски фестивал „Трајбека“, во Њујорк. Најголем дел од базите содржеле маркетиншки материјали.

Меѓу имињата се и режисерите Мартин Скорсезе, Џорџ Лукас и Дени Бојл, како и актерите Морган Фримен, Џенифер Лоренс и Вајнона Рајдер

Засега не е познато колку долго податоците биле јавно достапни, ниту кој сè можел да им пристапи.

„Трајбека“ е познат меѓународен филмски фестивал основан од Роберт де Ниро, кој се одржува на пролет во Њујорк.