Connect with us

Филм

Филмот „Одисеја“ со рекордни 87 милиони долари заработка за време на вториот викенд

Според процените на филмското студио објавени вчера, филмот „Одисеја“ продолжува да привлекува внимание од публиката и во вториот викенд од прикажувањето во кината во САД, со заработка од 87 милиони долари.

Во режија на Кристофер Нолан, филмот забележа пад од само 30 отсто во однос на првиот викенд од прикажувањето. „Одисеја“ досега е со заработка од околу 639,6 милиони долари, во светски рамки.

Значителен дел од вкупната заработка доаѓа од проекциите во кината со голем формат, особено во „ИМАКС“ салите, со заработка од 48 милиони долари на глобално ниво, како и 5,2 милиони долари во помалите „ИМАКС“ сали. Билетите за филмот се целосно распродадени неколку недели однапред. Поради големата заинтересираност од публиката „Одисеја“ ќе продолжи да се прикажува во кината ширум светот.

Ова е најуспешниот втор викенд во кариерата на режисерот Кристофер Нолан. Со филмот „Мрачниот витез“ од 2008 година („The Dark Knight“), во вториот викенд од прикажувањето заработи 75,2 милиони долари.