Тенис
Ѓорческа загуби на стартот на турнирот во Палермо
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја мине првата пречка на ВТА 125 турнирот во Палермо, откако денеска во првото коло загуби од Ерика Андреева Русија со 2:0 во сетови (6-2, 6-0).
Руската тенисерка дојде до победата по 82 минути игра.
Во првиот сет Андреева ја искористи 10-та сет топка, додека во вториот, тенисерката од Русија имаше три брејка и сетот го доби со максимални 6:0 во гемови.
Ѓорческа за учеството на турнирот во Палермо ќе добие еден поен.
јули 21, 2026

