Тенис
Циципас го освои турнирот во Гштад
Грчкиот тенисер Стефанос Циципас го победи Белгиецот Рафаел Колињон во денешното финале на турнирот во Гштад, Швајцарија со 6:4, 6:7 (3:7) и 6:3.
Мечот траеше 2 часа и 18 минути. Циципас сервираше 4 аса, не направи двојни грешки и реализираше 5 од 13 брејк топки.
Колињон сервираше 2 аса, направи 4 двојни грешки и реализираше 2 од 4 брејк топки.
За 27-годишниот Грк, ова беше 13-та АТП титула во поединечна конкуренција во неговата кариера и прва од март 2025 година.
јули 20, 2026

