Connect with us

Филм

Вештерките се враќаат: Се снима 13-та сезона од „Американска хорор приказна“

Почна снимањето на 13-та сезона од популарната ТВ-серија „Американска хорор приказна“, па првите фотографии од сцената веднаш го привлекоа вниманието на обожавателите. Сара Полсон, Ема Робертс, Френсис Конрој, Габури Сидибе и Лесли Гросман се забележани на улиците на Њујорк во препознатливата црна облека, објави „Пипл“ (People). Toa предизвика гласини дека вештерките од сезоната „Завет“ се враќаат, пишува „Џаст џејрд“ (Just Jared).

На ветераните од серијата на снимањето им се придружија глумицата Авантика и моделот Алекс Консани. Екипата снимаше во Њујорк, а фотографиите од снимањето дополнително ги зголемија очекувањата кај обожавателите на серијата. Иако деталите за заплетот сè уште не се официјално објавени, враќањето на поголемиот дел од екипата од сезоната со вештерките и нивната облека укажуваат дека сезоната бр. 13 би можела да ја продолжи приказната за вештерките.

Досега, продуцентите и сценаристите не потврдија за што ќе биде новата сезона.

Потврдено е и враќањето на Џесика Ланг во приказната, првпат по сезоната „Апокалипса“ од 2018 година. Нејзиното враќање е едно од најочекуваните меѓу долгогодишните обожаватели на серијата. (Не)малерозната 13. сезона од хорор-антологијата на Рајан Марфи ќе има премиера на 24 септември на „Еф-екс“ (FX) и „Хулу“ (Hulu). Дотогаш, треба да бидат познати повеќе детали за заплетот, којшто за јавноста сè уште е обвиен во тајност.

Ad
Ad