Connect with us

Филм

Почина глумецот Сем Нил

Глумецот Сем Нил, новозеландската икона – можеби најпознат по улогата на палеонтологот д-р Алан Грант во филмовите „Паркот Јура“, почина на 78-годишна возраст. Тажната вест ја потврди неговото семејство на социјалните мрежи.

„Со голема тага ја споделуваме веста за неговата смрт во понеделник, 13 јули, во Сиднеј, Австралија. Сем беше опкружен со своето семејство и почина со достоинство што го одликуваше целиот негов живот. Загубата беше ненадејна и неочекувана, но благословена од фактот дека Нил во тој миг немаше рак. Би сакале да ја изразиме својата најдлабока благодарност до персоналот во приватната болница за нивната неверојатна грижа. Повеќе детали ќе бидат споделени подоцна, но засега, во име на семејството, ве молиме да ја почитувате нивната приватност додека тагуваат по оваа неизмерна загуба“, се додава во соопштението.

Роден во Северна Ирска и израснат на Нов Зеланд, Нил изгради кариера што траеше повеќе од 50 години во филмската и телевизиската индустрија. Инаку, првото меѓународно признание го доби за филмот „Мојата брилијантна кариера“ (1979), по што се појави во филмови како што се „Предзнак III: Последниот судир“ (1981), „Мртва тишина“ (1989), „Лов на црвениот октомври“ (1990) и драмата на Џејн Кампион, наградена со „Оскар“, „Пијано“ (1993).

Тој постигна глобална слава во 1993 година во „Паркот Јура“ на Стивен Спилберг, повторувајќи ја улогата во „Паркот Јура 3“ (2001) и „Светот Јура: Надмоќ“ (2022).

Нил откри во 2023 година дека му е дијагностициран ангиоимунобластен Т-клеточен лимфом во стадиум 3. Подоцна соопшти дека болеста, по третманот – е во ремисија. Порано оваа година, тој ја сподели информацијата дека веќе нема, рак по терапијата

Ad
Ad