Connect with us

Хроника

Лишен од слобода дебранец за физички напад врз сопругата

Полициски службеници од дебарското одделение за внатрешни работи, лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз сопругата.

-Вчера во18:15 часот во Дебар, лишен од слобода е Е.С.(24) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата сопруга. Со него е извршен службен разговори и по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Според полициската статистика ова е последователен ваков случај. Само годинава регистрани се десеттина случаи на семејно насилство на подрачјето кое со својата активност го покрива одделението, општините Дебар и Центар Жупа.

Димоски исто така информираше дека е поднесе кривична пријава против Ј.А.(42) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. 

На катастарска парцела во месноста „Град“ во Дебар во државна сопственост, пријавениот неовластено и спротивно на законските одредби поставил помошен објект што го користел за лични потреби

Ad
Ad