Хроника
Момче тешко повредено по пад од коњ
Седумнаесетгодишно момче од селото Почивало во општина Карбинци е тешко повредено по пад од коњ. Од Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираа дека вчера во 11:30 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип е пријавено оти кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од село Почивало, општина Карбинци.
-Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад од коњ и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош-соопштуваат од СВР-Штип.
Во селото Почивало извршен е и увид од увидна екипа на СВР Штип.
јуни 16, 2026

