Општини
Хоџа: МЖСПП ги разгледува забелешките по Предлог-законот за природа, следат јавни расправи
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека заврши периодот за коментирање на Предлог-законот за заштита на природата преку ЕНЕР. Во тек е систематизација и разгледување на пристигнатите предлози и забелешки од институциите, стручната јавност, граѓанските организации и граѓаните, порачал министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, соопшти Министерството.
Во соопштението се доодава дека Министерството упатува благодарност до сите учесници кои придонеле кон подготовката на ова значајно законско решение.
-По вградувањето на прифатените сугестии во законскиот текст, Министерството ќе организира две јавни расправи и ги повикува сите заинтересирани страни активно да се вклучат во следната фаза од процесот, со цел донесување современ и квалитетен закон кој ќе обезбеди поефикасна и долгорочна заштита на природните вредности – се вели во соопштението.
Предлог-законот, додаваат од Министерството, ја уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност, заштита на природното наследство во и надвор од заштитените подрачја, како и заштита на природните реткости.
јуни 16, 2026


