Connect with us

Ракомет

Ива Младеновска нова ракометарка на Борусија Дортмунд

Македонската репрезентативка Ива Младеновска ќе ја продолжи кариерата во Борусија Дортмунд, откако денеска потпиша двегодишен договор со германскиот вицешампион.

Десниот бек на македонската репрезентација од јануари минатата година настапуваше за француски Безансон, а претходно во кариерата беше дел од ЖРК Металург, со кој го освои македонскиот Куп во 2022 година, и Брест Бретањ.

„Разговорите со Ива беа многу позитивни од самиот почеток. Воодушевени сме што таа го избра Борусија и со нетрпение очекуваме да ја поддржиме во нејзините следни чекори. Заедно, сакаме да ѝ понудиме најдобри можни услови за целосно да го реализира својот потенцијал.“, објави германскиот клуб.

Деветнаесетгодишната македонска ракометарка изјави оти сака да му помогне на својот клуб во новата сезона да ја освои германската титула.

„Одлуката да се приклучам на Борусија беше многу лесна за мене. Историјата на клубот, неговата привлечност и професионалната средина ме убедија. Со нетрпение очекувам да придонесам за остварување на целите на клубот и заедно да ги славиме успесите. Особено сонувам да освојам титула во женската Бундеслига со Борусија. Тоа би било исполнување на еден голем сон.“, изјави Младеновска за клупскиот сајт.

Ad
Ad