Connect with us

Забава

Големи поплави сериозно погодиле редок вид орангутани во Индонезија

Силни поплави и свлечишта на индонезискиот остров Суматра минатата година уништиле најмалку седум отсто од вкупната популација на критично загрозените тaпанули орангутани, се наведува во новиот извештај објавен вчера.Според првичните информации, поплавите и свлечиштата предизвикани од циклон усмртиле најмалку 1200 луѓе уништувајќи околу 300.000 домови на островот.

Од добиените податоци, најмалку 58 тaпанули орангутани, кои се редок вид на подрачјето околу шумата Батан Торo во северна Суматра, настрадале во поплавите. Научниците сугерираат да се истражи западниот дел од шумата каде што живеат околу 800 единки од вкупната популација. Извештајот е изработен од страна на организациите „Борнео фјучрс, Ворлд ведер атрибјушн и Универзитетот Ливерпул Џон Мурс“, во кој се опфатени сите делови од шумата. Тоа подразбира дека бројот загинати животни може да е поголем од веќе наведеното. 

 Ваквите податоци се добиени од сателитските снимки од штетите, во западниот дел на Батан Торo, како и според историските податоци за популацијата на орангутаните во тој предел.Според анализите, климатските веројатно ја зголемиле интензивноста и зачестеноста на екстремните врнежи околу Малајскиот теснец, со што живеалиштето на тaпанули орангутани е доведено во уште поголем ризик.Главниот автор на студијата Ерик Мејард од „Борнео фјучрс“,изјавил дека обилните врнежи ја заситиле почвата до тој степен што големи делови од падините во примарните шуми се урнале.

-Ако тоа му се случи на орангутан… ако нешто се урне со голема брзина, шансите за преживување се многу мали, па тоа стана сериозен проблем, изјави Мејард.Тој додаде дека толкава загуба е значајна за толку мала популација. Со оглед на постојаните притисоци за деградација на живеалиштата и конфликтите меѓу луѓето и дивиот свет, тоа дополнително ја зголемува итноста за спроведување и соодветно финансирање на координиран акциски план за овој вид животни.

Панут Хадисисвoно, уште еден истражувач, ја повика индонезиската влада на соработка со организации и истражувачи, со цел да се спречи понатамошен пад на популацијата.

-Можеме да го намалиме ловот, и така бројот веројатно би можел да се стабилизира. Сите мора да обрнеме внимание и на лошото користење на земјиштето, кое исто така придонесува за намалување на популацијата, објасни Хадисисвoно.

Ad
Ad