Connect with us

Забава

Древен керамички бокал нуди нови сознанија за животот во Казахстан во шести век

Во регионот Мангистау, Казахстан е пронајден древен керамички бокал, кој според археолошките процени датира од шести век.

„Овој редок историски артефакт е откриен за време на археолошки ископувања во древната населба Каракабак, а според првичните информации го изработиле локални мајстори“, информираа казахстанските медиуми.

Населбата Каракабак се смета за едно од најзначајните и најпрепознатливи археолошки наоѓалишта во регионот. Се наоѓа во близина на селото Таучик и била населена приближно од 1 до 6 век од новата ера.Според истражувачите, откритието во Каракабак покажало дека во регионот не живееле само номадски народи, туку дека било и значајно место на развиена урбана култура. Предметот нуди нови сознанија за начинот на живеење, занаетчиството и културниот развој на населението во тој период, како и за степенот на организираност на древните населби во тоа време.

Археолозите појаснуваат дека ваквите податоци се од исклучително значење за појаснување на историските случувања во Централна Азија, бидејќи укажуваат на постоење на поразвиени општествени структури отколку што се претпоставувало во минатото.

Ad
Ad