Connect with us

Вести

Во Собранието расправа за интерпелацијата на министерот за земјоделство, Трипуновски

Земјоделците ги оставивте со неисплатени субвенции. Наместо 1200 денари давате 800 денари за грло говедо, додека пак за тутунот намаливте од 100 на 80 денари по хектар. Со вакви обвинувања од поранешниот министер за земјоделие, а актуелен пратеник од СДСМ Љупчо Николовски, почна седницата на која се бара претениците да му изгласаат недоверба на Министерот за земјоделство, шумарство и водостпонство Цветан Трипуновски.

„Кога веќе ги лажевте земјоделците со некаква зголемена поддршка, а истата е помала од било кога претходно, бидете искрени барем до крај и кажете им на земјоделските произвиодители дека ги задолживте идните генерации со 2,5 милијарди евра и тоа е единствената која ја направивте, но кажете им на земјоделците за вас нема пари. Снаоѓајте се како знаете и умеете“, рече Љупчо Николовски, пратеникот од СДСМ

Трипуновски му одговори- кога дојдов на позивијата начекав хаос. Неисплатени плати, субвенции, долгови нереализирани проекти. Од Собраниската говорница актуелниот министер рече дека тој функцијата ја започнал со обврска за исплата на заостанати плати на 1600 вработени од Национални шуми. Немале земено плата 4 месеци, додека пак вработените од водостопанство немале плата и придонеси повеќе од 5 месеци. За работата на Николовски како предводник на ресорот во претходната Влада, Трипуновски посочи дека тој е единствениот министер кој по доаѓањето на валст го раскинал колективниот договор потпишан со синдикатот.

„Еден пример само ќе ви кажам во име на вистината, вие почитуван Николовски кон млекарите повеќе од 17 месеци немавте исплатено субвенции за предадено литар млеко. Тоа се факти и бројки кои се реално проверливи. Овде не сме да се докажуваме кој е винивен кој е прав, но вистината иам само една страна. Во периодот од 2017 кога ја презедовте власта до 2023 година бруто додадена вредност по констатирани цени во секторот земјоделство бележи негативни просечни стапки од 4,4%. Ова е потадок од државна институција која го рангира и го котира вашето владеење како власт во тоа време“, одговори Трипуновски.

Претходно на седницата, пратениците ја констатираа оставката на Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи. По затворање на точката за интерпелација на Трипшуновски, Собранието ќе продолжи да ги разгледува и преостанатите точки, а меѓу нив се и законот за правична застапеност, законот за игрите на среќа како и законот за заштита од употреба на производи од тутун и сродни производи.

Ad
Ad