Технологија
Општиот суд на ЕУ на ја прифати жалбата на „Мета“ за почитувањето на строгите правила за апликацијата „Месинџер“
Општиот суд на ЕУ во Луксембург, вториот највисок суд во Европската Унија, денеска ја потврди претходната одлука компанијата „Мета“ да мора да ги почитува строгите правила на ЕУ за дигитални платформи за својата апликацијата за пораки Messenger, јави ДПА.
Судот денеска, исто така, ја поништи веќе отповиканата ознака за услугата за купување Marketplace.
Компанијата „Мета“ ги оспори одлуките од 2023 година на Европската комисија за означување на Marketplace и Messenger како таканаречени „чувари на порти“ ( gatekeepers) според Законот за дигитални пазари на ЕУ (DMA).
DMA наметнува специфични обврски на компаниите кои се сметаат за важни портали за бизнисите да допрат до потрошувачите за да се заштити конкуренцијата на дигиталните пазари.
Во 2025 година, комисијата ја отповика ознаката за Marketplace бидејќи не е исполнет потребниот праг за комерцијални корисници.
Судот ја поништи отповиканата ознака на Marketplace како чувар на порти, тврдејќи дека комисијата погрешно ги проценила податоците и дека нејзиното образложение што довело до одлуката било „хипотетичко и нецелосно“.
Во врска со Messenger, судот застана на страната на комисијата и ја потврди ознаката.
И „Мета“ и ЕК можат да поднесат жалба против денешната пресуда до Европскиот суд на правдата, највисокиот суд на ЕУ, пренесе ДПА.
Покрај „Месинџер“, неколку други услуги што ги нуди „Мета“ моментално се назначени како чувари на информации. Меѓу нив се „Фејсбук“, „Инстаграм“, „Ватсап“ и „Мета реклами“.
јуни 4, 2026
