Connect with us

Економија

Комисијата за економски прашања ги прифати законските измени за упатување македонски работници за градежни и сезонски работи во странство

Комисијата за за економски прашања, труд и енергетска политика на денешната 54-та седница го усвои предлог на законот за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи и ќе се даде на натамошно читање.

Претседателот на комисијата, Бојан Стојаноски, рече дека предлог законот за изменување на законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори за вршење на други сезонски работи е прифатлив и треба да се даде на натамошно читање во Собранието.

Повереникот на Владата, Ленче Коцевска го образложи предложениот закон, со кој како што рече се врши усогласување со одредбите на законот за изведување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Со усогласувањето на овој закон, како што објасни Коцевска, ќе се овозможи конзистентност на правниот систем и доследна примена на законските одредби во работите коишто се однесуваат на работните односи и заштитата на работниците при работењето.

– Предлого на законот содржи 12 члена, со членовите од 2 до 9 од предлогот на законот се врши усогласување со одредбите од законот за изменување и дополнување на законот за организација на работата на органите на државната управа, со кој се врши пренесување на досегашните надлежности на Министерството за труд и социјална политика во Министерството за економија и труд. Со членовите 1 и 11 се врши усогласувања со амандманот на Уставот на Република Македонија така што низ целиот текст на законот, зборовите Република Македонија се заменуваат со зборовите Република Северна Македонија. Со членот 12 се уредува влегување во сила на овој закон-рече Коцевска.

Предлагач е Владата, овластен предлагач е министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1