Connect with us

Вести

Нобеловци ја цитираат претседателката Сиљановска – Давкова за вештачката интелигенција и образованието

Светската асоцијација на лауреати, која обединува добитници на Нобелова, Тјурингова, Волфова и Ласкерова повторно ги актуелизира и ги објави ставовите на македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова, оценувајќи дека нејзините пораки за вештачката интелигенција и образованието оставиле силен впечаток во глобалната дебата за иднината на човештвото.

Станува збор за Светскиот самит на лауреати (WLS), еден од најпрестижните меѓународни собири на научници, интелектуалци и добитници на најзначајните светски признанија, каде централна тема е односот меѓу човечката и вештачката интелигенција.

Во својата објава, Асоцијацијата пренесува дел од говорот на претседателката Сиљановска-Давкова од Светскиот самит на влади во Дубаи, каде таа предупреди на последиците од прекумерната зависност од вештачката интелигенција.

– Кога AI го дава одговорот за секунда, нашиот мозок преминува во режим на „мирување – наведуваат лауреатите, цитирајќи ја македонската претседателка.

Во објавата се издвојува и нејзината оценка дека светот и натаму функционира според „200-годишен пруски модел“ за едукација на дигиталните староседелци.

– Ако образованието остане фабрика за дипломи и транспортер за податоци, ризикуваме да станеме „дигитални слуги“, контролирани и надминати од алгоритмите што ги користат технолошките елити – наведува Светската асоцијација на лауреати, повикувајќи се на тезите од Сиљановска-Давкова.

Решението? Премин од „полнење на мозокот“ кон „палење на креацијата“. Љубопитноста е единствената искра што AI не може да ја реплицира, објавува Светскиот самит на лауреати, пренесувајќи видео од говорот на претседателката.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1