Connect with us

Вести

Гаши: Влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска упати честитка по повод 23 Мај – Меѓународен ден на Власите, нагласувајќи дека влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава.

-По повод Денот на Власите, во име на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам најискрени честитки до сите припадници на влашката заедница. Овој ден претставува посебна можност за афирмирање на вредностите на соживотот, меѓусебното почитување и зачувувањето на културниот и јазичниот идентитет на сите заедници. Влашката заедница била и останува важен дел од културниот мозаик на нашата држава – истакна Гаши.

Тој додаде дека Собранието останува посветено на унапредување на правата на сите етнички заедници.

-Собранието останува посветено на унапредувањето на правата на сите етнички заедници, во духот на еднаквост, толеранција и почитување на различностите. Честит Ден на Власите! – се наведува во честитката на собранискиот спикер. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1