Connect with us

Вести

Велат дека 10.000 луѓе ќе останат без работа, на протест со само 100-тина од нив: Ќе уништите човечки судбини, ако ги затворите казината

Вработените во секторот игри на среќа излегоа на предупредувачки протест. Револтирани што Владата го поднесе новиот предлог закон, кој предвидува дислокација на казината на најмалку 500 метри од школите, велат дека сите  легални објекти ќе стават клуч на врата, а 10 илјади вработени ќе останат на улица. Иако според нивните проценки дека 10.000 луѓе ќе останат без работа, на протестот имаше околу 100-тина вработени во фирмите кои приредуваат игри на среќа.

– Ако Владата итно не најде решение за нашите работни места, ќе излеземе на масовни протсети низ државата. Чесно го вадиме нашиот леб, овој предлог закон удива врз реални човечки судбини. Сите ние имаме кредити, имаме семејства, изјави Стеван Крстевски, од Здружението „Сакам да работам“

– Ако законот се изгласа ќе биде социјална бомба, каде ние ќе работиме, ако овој сектор престане да постои? Пораката е јасна, овие протести се демократска битка за вистината. Не сме ние заканата за лесен таргет на игрите на црно, во подруми, изјави Оливера Костовска, вработена во сектор игри на среќа, Здружение Сакам да работам

Во предлог законот се забранува и рекламирањето на игрите на среќа, затоа што според власта, со тоа се поттикнува граѓаните да учествуваат во нив, за да имаат подобар финансиски живот. Прелог законот вчера стигна до Собранието, но се уште не е ставен на дневен ред.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1