Connect with us

Хроника

Тешка сообраќајна несреќа на Скопската обиколница

Сообраќајна несреќа синоќа предизвика пренасочување на сообраќајот на обиколницата во Скопје.

Дел од медиумите објавија дека доцна синоќа сообраќајна несреќа се случила на обиколницата, по која избувнал пожар, а на лице место биле пристигнати и противпожарна екипа и итна медицинска помош, пренесе МИА.

ЈП Македонија пат синоќа соопшти дека од 23:30 часот се врши пренасочување на сообраќајот на патниот правец Велес –Тетово од клучка Мирковци до клучка Приштина заради случена сообраќајна незгода.

Сообраќајот е нормализиран од 05:30 изутрината.

Според дел од медиумите во сообраќајката, која се случила во близина на Радишани, патничко возило марка „БМВ“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил, а има и жртви.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1