Вести
Савески: Случајот со мазутот за ТЕЦ „Неготино“ не е завршен
Единствениот легалистички начин да дојдеме до правдата и вистината. Битно е да се истакне дека обвиненијата секогаш треба да бидат засновани врз основа на докази од кои тоа обвинение би се докажало пред судот надвор од разумно сомнение. Исто така, доколку во текот на кривичната постапка судот донесе ослободителна пресуда и таа стане правосилна, тогаш тоа е пресудена работа“, вели Савески, пренесува Телевизија Алфа.
Во однос на дилемата дали Републичкото јавно обвинителство има надлежност самостојно да направи ревизија на предметот или тоа треба да го иницира МВР, Савески вели:
„Предметот не е завршен, најавен е приговор од страна на оштетеното правно лице. Доколку се утврди неправилно ценење на доказите, тој може да биде вратен на повторно одлучување. Без да прејудицирам каква било одлука, уверен сум дека низ една законита постапка, со почитување на принципите на самостојно одлучување, ќе дојдеме до конечна одлука која и од општата јавност ќе биде разбрана и прифатена. Ревидирање и преотворање на предмети во зависност од очекувања на други органи, институции или поединци не е можно, бидејќи тоа е спротивно на принципите на правна сигурност“, истакнува Савески.
мај 22, 2026
