Connect with us

Економија

КЗК: Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук

Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши контроли на терен за да ја провери примената на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики.

При увид кај неколку откупни центри за овошје и зеленчук кои вршат откуп на овошје и зеленчук од индивидуални земјоделци и правни лица, инспекторите констатирале прекршувања на законските одредби.

Контролите покажале дека има повеќе неправилности и постапувања спротивни на одредбите од Законот, особено во делот на регулирање на договорните односи помеѓу откупувачите и добавувачите на земјоделски и прехранбени производи.

Главните пропусти што биле утврдени е дека има целосно непостоење писмени договори за извршениот откуп, се користеле договори кои ги немаат задолжителните елементи пропишани со Законот и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски.

Од Комисијата велат дека ќе продолжат со активен надзор согласно законските надлежности, при што против субјектите кај кои се утврдени неправилности ќе бидат преземени соодветни санкции.

Комисијата упати апел до сите учесници во синџирот за снабдување со земјоделски производи за доследно почитување на законските обврски, обезбедување транспарентност во деловните односи и заштита на земјоделците и останатите добавувачи од нефер трговски практики.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1