Филм
САГ-АФТРА ќе го разгледува прелиминарниот договор со стрим-платформите
Се очекува одборот на директори на американскиот синдикат „Здружение на глумците – Американска федерација на телевизиски и радиоуметници – САГ-АФТРА“, којшто ги претставува телевизиските и филмските глумци, оваа недела да го разгледа својот прелиминарен договор со студијата и стрим-услугите. Иако договорот беше објавен во саботата, тој сè уште треба да биде одобрен од одборот на директори на Здружението, а потоа ратификуван со гласање на членовите, за да стапи во сила.
Според извор запознаен со преговорите, новиот договор би траел четири години, наместо сегашниот, а клучните теми вклучуваат регулирање на употребата на вештачка интелигенција при создавањето дигитални ликови, како и подобрување на системот за надомест за повторувања на содржината.
Претседателот на синдикатот, Шон Астин изјави дека глумците нема да се откажат од заштитата на претходно стекнатите права, додека студијата изјавија дека целта е да се постигне стабилен и долгорочен договор. Доколку договореното биде потврдено, американската филмска индустрија би избегнала повторување на големите штрајкови од 2023 година коишто значително го нарушија производството на нови уметнички дела во Холивуд.
мај 6, 2026

