Филм
Актерот Сем Нил го победи ракот
Познатиот актер Сем Нил (78) потврди дека е излекуван, по четиригодишна борба со рак на крвта во трет стадиум. Нил вели дека закрепнувањето го должи на имунотерапијата со која го продолжил своето лекување откако хемотерапијата престанала да дава резултати. Во интервјуто за Севен њуз Австралија (7News Australia), објавено на 26 април, Нил детално ја опиша својата борба со болеста. Тој нагласи дека боледувал од еден вид на лимфом и дека почетниот третман со хемотерапија бил исклучително тежок, но неопходен за одржување на животните функции.
-Боледував од еден вид лимфом. Бев на хемотерапија, што беше прилично мачен процес, но ме одржуваше во живот, изјави актерот. Во одреден момент хемотерапијата престана да има ефект, по што, се соочив со сериозна неизвесност. А потоа хемотерапијата престана да делува.
„Бев изгубен и изгледаше како крајот да ми се приближува, додаде Нил.
По неуспешното лекување со хемотерапија, 78-годишниот актер се подложил на КАР Т (CAR T) клеточна терапија – современ метод на имунотерапија кој, според Американското здружение за борба против ракот, претставува една од ефикасните опции за третман на одредени тешко излечливи карциноми на крвта. Терапијата функционира така што ги модифицира сопствените имунолошки клетки на пациентот за да ги препознаат и уништат канцерогените клетки.
-Само што бев на преглед и во моето тело нема рак. Тоа е извонредна работа. Многу, многу сум возбуден што тоа ја победив болеста, изјави Сем Нил.
Актерот за првпат во 2023 година јавно објави дека му е дијагностициран ангиоимунобластичен Т-клеточен лимфом. Дијагнозата му била поставена една година претходно откако забележал отечени жлезди. Во тој период го промовирал филмот „Светот Јура: Надмоќ“ („Jurassic World Dominion“). За време на лекувањето Нил се трудел болеста да не му влијае премногу на животот , потпирајќи се на семејството, пријателите и секојдневните активности.
Во претходно интервју за „Гардијан“ во 2023 година, Нил зборуваше за тешките моменти низ кои поминал, нагласувајќи дека искуството со болеста му донело нова перспектива и среќен е што е жив.И покрај сериозната дијагноза, ја прифатил болеста со одредена смиреност, истовремено изразувајќи желба да продолжи со животот.
-Не се плашам да умрам, но би ме нервирало. Бидејќи навистина би сакал уште една деценија или две, знаете? Пред да умрам сакам да видам резултат на сè што вложив труд досега. Најдобра мотивација ми се моите внуци. Сакам да ги гледам како растат. А што се однесува до умирањето – не ми е грижа, заклучи Нил.
април 30, 2026

