Connect with us

Филм

Зошто Парис и Џенет Џексон не се појавуваат во филмот „Мајкл“?

Ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон, објасни зошто не учествувала во снимањето на новиот биографски филм за нејзиниот татко. Впрочем, таа не е единствениот член на семејството Џексон што не се појавува во филмот „Мајкл“, чијашто премиера Холивуд се случи претходниот месец, а којашто самата Парис ја пропушти.

Филмот, во режија на Антоан Фукуа, го следи животот на некогашниот „крал на поп-музиката“ – од 1960-тите и групата „Џексон фајф“ до крајот на 80-тите и турнејата „Бед“. Неговиот внук, 29-годишниот Џафар Џексон ја глуми главната улога. Поради временската рамка на приказната, којашто завршува пред да се родат Парис (28), па и нејзините браќа Принс (29) и Би Џис (24), нивните ликови не се вклучени во приказната.

Уште лани во септември, Парис се огради од филмот, наведувајќи дека нема никаква улога во него. Нејзината реакција дојде откако актерот Колман Доминго, кој го глуми доминантниот татко во семејството – Џо Џексон во филмот, изјави дека Парис и нејзиниот брат Принс, всушност, „многу го поддржувале“ филмот.

„Колман, не им кажувај на луѓето дека ‘сум помогнала’ во снимањето на филм со којшто немам апсолутно никаква врска. Тоа е едноставно чудно“, напиша Парис потоа. – „Прочитав еден од првите нацрти на сценариото и ги дадов моите коментари за она што мислев дека е неправедно и со што не се согласував. Кога не ги зедоа предвид, едноставно се повлеков. Не се вклучувам во тоа, тоа не е мој проект. Среќно ним!“, додаде таа.

Во видео што подоцна го сподели на Инстаграм, таа дополнително го разјасни својот став.

– Воопшто не бев вклучена, освен што го дадов моето мислење за првата верзија на сценариото. Потоа ми рекоа дека моите коментари нема да бидат земени предвид. Затоа, едноставно се повлеков и ги оставив да си ја тераат работата, бидејќи тоа не беше мој проект, рече таа.

Таа нагласи дека верува оти режисерите ќе направат „што и да планираат“, и дека филмот веројатно ќе ги задоволи најлојалните обожаватели на нејзиниот татко.

– Главната причина зошто досега не кажав ништо е затоа што знам дека многумина од вас ќе бидат задоволни од филмот. Голем дел од филмот е наменет за многу специфична група обожаватели на мојот татко кои сè уште живеат во фантазија, и тие ќе бидат среќни, заклучи таа.

Освен Парис, ниту нејзината тетка, Џенет Џексон не е во филмот. Нејзината сестра Ла Тоја Џексон ги откри причините. Во изјава за „Варајети“, таа изјави:

– Сакам сите да бидат во филмот. Ја замолија, но таа учтиво одби, па затоа нејзините желби мора да се почитуваат. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 4