Connect with us

Вести

Владината коалиција е стабилна, ако има потреба, има и двотретинско мнозинство во парламентот, вели Мицкоски

Владината коалиција е стабилна, дури, ако има потреба, има и двотретинско мнозинство во македонскиот парламент – вели премиерот Христијан Мицкоски. Додава дека остануваат посветени на реформите и подобар живот на граѓаните.

– Не би рекол дека се распаѓа владината коалиција, повеќе би рекол дка се распаѓа СДСМ имајќи предвид дека поранешни видни членови на партијата, градоначалници, актуелни и поранешни, излегуваат со жестока критика на раководството на СДСМ. Што се однесува до владината коалиција, таа е стабилна, цврста, ако има потреба, има и двотретинско мнозинство во рамките на парламентот. Тоа го покажавме во неколку наврати, ако е потребно, ќе го покажеме и повторно – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по одржувањето панихида по повод 123-годишнината од смртта на Гоце Делчев.

Наш фокус, како Влада, додаде премиерот, остануваат реформите и подобар живот на граѓаните.

– Политичкото мочуриште на опозицискиот СДСМ претствува нивна домашна задача – рече Мицкоски по нивните обвинувања оти заминувањето еден пратеник од ЗНАМ, кој е коалициски партнер во Владата, е показател дека се распаѓа владината коалиција. 

Маркетинг
Ad 2
Ad 4