Вести
МП: За случајот со Груевски се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање
Министерството за правда денеска соопшти дека во однос на случајот со Никола Груевски се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамките на законската процедура.
Како што наведува, се постапува исклучиво во согласност со законите и меѓународните договори.
– Собирањето информации од надлежните судови има цел да обезбеди целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив. Воедно, нагласуваме дека сите постапки се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации – информира Министерството и додава дека останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.
мај 4, 2026

