Connect with us

Вести

Гаши: Трудот е темел на развојот – честит 1 Мај на сите работници

По повод Меѓународен ден на трудот, претседателот на Собранието Африм Гаши упати честитка до сите работници во државата, истакнувајќи дека нивниот труд е клучен за развојот на општеството.

– Први мај – Меѓународниот ден на трудот, е ден посветен на сите оние кои со својот труд, знаење, посветеност и одговорност секојдневно придонесуваат за развојот на нашето општество, напиша Гаши во ќеститката по повод празникот 1 Мај.

Работничките права, достоинствената работа, социјалната правда и еднаквите можности, како што посочи тој, не се само вредности што треба да ги чествуваме, туку и обврски кон кои постојано треба да се стремиме.

-На сите работници во Македонија им упатувам искрени честитки и благодарност за нивниот придонес. Вашиот труд е темел на економскиот напредок, на стабилноста на семејствата и на иднината на државата, истакнува Гаши.

Тој посочи дека институциите имаат одговорност да создаваат услови за безбедна, правична и достоинствена работа, во која секој човек ќе биде почитуван и соодветно вреднуван.

-Во мое лично име и во име на Собранието на Македонија, ви посакувам добро здравје, благосостојба и многу успех на личен и професионален план. Честит 1 Мај – Ден на трудот, нагласува Гаши во честитката.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4