Connect with us

Вести

Димитриеска – Кочоска: Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на човекот

По повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска на Фејсбук упати честитки до сите работници кои, како што нагласи, со својата посветеност, знаење и одговорност придонесуваат за развојот на општеството.

– Трудот е една од најголемите вредности врз која се гради достоинството на секој човек и затоа тој претставува темел на секоја напредна и стабилна држава. Секој успех започнува од човекот и зависи од неговата сигурност, стабилност и мотивација. Токму затоа остануваме посветени на политики што значат подобар животен стандард, унапредување на работничките права и отворање нови можности за вработување – напиша министерката.

Димитриеска – Кочоска порача да се продолжи да се гради заедно земјата како праведна, солидарна и достоинствена држава за секој нејзин граѓанин.

Маркетинг
Ad 3
Ad 4