Вести
Сиљановска-Давкова го пречека швајцарскиот претседател Пармелан со највисоки државни почести
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го пречека претседателот на Швајцарската Конфедерација, Ги Пармелан, кој престојува во официјална посета на земјата.
Швајцарскиот претседател бeше пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Вила „Водно“.
По пречекот, следува тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и швајцарската делегација.
По пленарниот состанок, Сиљановска-Давкова и Пармелан ќе одржат заедничка прес-конференција.
Во рамките на посетата швајцарскиот претседателот ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
април 30, 2026

