Connect with us

Вести

Ивановски: Изградбата на пругата Бељаковце – Крива Паланка се реализира со силна динамика

Изградбата на втората фаза на пругата од Бељаковце до Крива Паланка на источниот дел на Коридoрот 8 се реализира со засилена динамика – објави на својот фејсбук-профил директорот на ЈП „Железници – Инфраструктура“, Синиша Ивановски и објави “>видео од изградбата.  

Ивановски посочува дека има прогрес од 35 проценти на предвидените работи на делницата во должина од 34 километри. 

– Градежни активности на изградбата на пругата кон Бугарија. Секција 2, од Бељаковце кон Крива Паланка. Должина 34 километри. Прогрес 35 проценти. Бележиме зголемен интензитет на градежни активности – напиша Ивановски. 

Паралелно со ова, веќе се објави и јавниот повик за надзор за третата делница од Крива Паланка до границата со Бугарија, а како што велат од Министерството за транспорт, следниот месец се очекува да се распише и меѓународниот јавен повик за избор на изведувач, исто така за делницата Крива Паланка – до границата со Бугарија. 

– Со ова Владата ја покажува јасната стратегија за изградба на железничкиот Коридор 8 како стратешко економски и безбедносен коридор со посебно значење за Македонија и регионот – велат од Министерството за транспорт. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 3