Connect with us

Хроника

Повреден работник во каменолом во Куманово

Работник во каменолом во Куманово бил тешко повреден, додека извршувал работни задачи, соопшти денеска кумановската полиција.

Вчера во 13:34 часот во СВР Куманово било пријавено дека во каменолом на улицата „Народна револуција“ со тешки телесни повреди се здобил В.П.(57) од Куманово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во каменоломот, констатирани во болницата во Куманово. Увид извршила екипа од СВР Куманово која презема мерки за расчистување на случајот.

Од општа болница Куманово информираат дека по пружената помош на повредениот, пациентот е префрлен на Клиниката за кардиоваскуларни заболувања во Скопје.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2