Connect with us

Хроника

Дете осомничено за дејствија на родосквернавење во Гостивар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Јавното обвинителство, детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра. Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи.

Имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави и посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2