Connect with us

Вести

Минчев: Институционален фокус на ефикасно управување и намалување на управните спорови

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, се обрати на тркалезната маса на тема „Добро управување и владеење на правото: Спречување на непотребни управни спорови и зајакнување на извршувањето на судските пресуди“, која се одржа во организација на Министерството за јавна администрација во соработка со СИГМА/ОЕЦД, информираат од МЈА.

Во обраќањето, министерот Минчев нагласил дека управната постапка претставува суштински сегмент во функционирањето на правната држава и во градењето доверба меѓу граѓаните и институциите.

-Управните постапки се местото каде што правата се остваруваат и каде што се гради довербата во институциите, затоа наш фокус останува нивната целосна и доследна примена – истакна Минчев.

Тркалезната маса имала за цел да ги презентира наодите од најновата анализа на СИГМА/ОЕЦД, да овозможи размена на искуства со земјите членки на Европската Унија и регионот, како и да отвори дискусија за намалување на непотребните управни спорови и подобрување на извршувањето на правосилните судски пресуди. 

Минчев информирал дека Министерството за јавна администрација продолжува со активности за подобра примена на Законот за општата управна постапка, преку засилен надзор, координација и практични алатки, со акцент на дигитализација и едукација.

Маркетинг
Ad 3
Ad 3