Connect with us

Вести

Форум за образовни промени: Сомнежи за незаконско академско унапредување на Универзитет во Тетово

Невладината организација Форум за образовни промени преку прес-конференција објави случај со обвинувања дека е направенo  незаконско академско унапредување на државниот Универзитет во Тетово. Според нив, голем број органи во рамките на Универзитетот во Тетово се вклучени во оваа постапка.

-Овој случај е показател дека процесот на унапредувањата повеќе нема никаква врска со тоа колку знаеш, туку  кого познаваш. Арбреша Беџети Ферати, ангажирана на Медицинскиот факултет и истовремено сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово, успеала да биде унапредена во академски звања спротивно на повеќе од 15 законски и статутарни одредби, според извештајот на Државниот просветен инспекторат. Ова го овозможиле неколку органи, меѓу кои Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, Сенатот на Универзитетот во Тетово и рецензентската комисија, изјави Бленди Ходаи, од Форум за образовни промени.

Тој рече дека податоците се добиени од Државниот просветен инспекторат со барање за пристап до информации од јавен карактер. Посочи дека Инспекторатот на 8 април, истиот ден кога е доделено унапредувањето има почнато инспекциски надзор на постапката.  

-Тука не станува збор за индивидуален случај, туку за добро организирана шема. Покрај прекршувањата на Законот за високото образование, Форум за образовни промени упатува апел до Јавното обвинителство да ги истражи можните кривични прекршувања како злоупотреба на службена должност, потенцијално фалсификување на документи, како и конфликт на интереси, рече Бленди Ходаи. 

Побарано беше и став за изјавите на невладината организација, а телефонски беше посочено дека ќе се изјаснат наредната недела.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3