Connect with us

Свет

Апелацискиот суд му ја зголеми казната на поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јеол од пет на седум години затвор

Апелацискиот суд во Сеул му ја зголеми затворската казна на поранешниот претседател Јун Сук-јеол од пет на седум години за опструкција на правдата и други обвиненија поведени против него во врска со неговиот неуспешен обид за воведување воена состојба – објави „Јонхап“.

Високиот суд во Сеул ја изрече построгата казна на сослушувањето што се пренесуваше во живо на телевизија, прва пресуда од специјален суд формиран за да ги разгледа случаите поврзани со обидот на Јун да воведе воена состојба во декември 2024 година.

Поранешниот јужнокорејски претседател беше осуден на доживотен затвор претходно овој месец. Неговите адвокати подоцна изјавија дека ќе поднесе жалба на пресудата.

Аплацискиот суд во Сеул вчера ѝ ја зголеми казната и на Ким Кјунг-хе, сопругата на поранешниот претседател, од 20 месеци на четири години по обвинение за корупција.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3