Connect with us

Свет

„Волстрит џурнал“: Трамп размислува за долгорочна блокада на Иран

Американскиопт претседател, Доналд Трамп, им соопштил на своите соработници да се подготват за продолжена блокада на Иран, со цел да се изврши економски притисок врз Техеран да се согласи на нуклеарни отстапки, соопштија американски официјални лица, објави „Волстрит џурнал“ (WSJ).

Според нивните наводи, на неодамнешните состаноци, вклучително и дискусија во Контролната соба, Трамп одлучил да го зголеми притисокот врз економијата на Иран и извозот на нафта со спречување на испораките до и од иранските пристаништа.

Овој пристап бил оценет како помалку ризичен во споредба со алтернативите како што се продолжување на бомбардирањето или целосно повлекување од конфликтот, наведуваат официјалните лица цитирани од весникот.

Претседателот Трамп проценил дека неговите други опции – продолжување на бомбардирањето или повлекување од конфликтот – носат поголем ризик отколку одржување на блокадата, соопштија официјални лица.

Заменичката портпаролка на САД, Ана Кели, изјави за весникот дека блокадата наводно му овозможува на Вашингтон да „изврши максимално влијание“ врз иранската Влада. Таа појасни дека Белата куќа ќе донесе одлука што ќе ја осигура националната безбедност на САД.

Маркетинг
Ad 2
Ad 1