Connect with us

Формула 1

МотоГП: Алекс Маркез ја освои ГН на Шпанија

Возачот на Гресини, Алекс Маркез триумфираше денеска во трката од Мото ГП за Големата награда на Шпанија во Херез.

Маркез ја однесе победата со време од 40:48,861 минути. Второто место го освои возачот на Априлија, Италијанецот Марко Безеки, со заостанување од 1,903 секунди, додека неговиот сонародник Фабио ди Џанантонио од Пертама беше трет, со заостанување од 5,796 секунди.

Актуелниот светски шампион Марк Маркез, кој стартуваше од пол-позицијата, не ја заврши трката откако излезе од патеката во вториот круг.

Лидер во генералниот пласман возачи е Безеки, со 101 бод, 11 повеќе од второпласираниот Мартин.

Првенството во Мото ГП продолжува за три недели во Барселона.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2