Connect with us

Свет

ЕК ќе ја стопира субвенцијата за Венецијанско биенале поради учество на Русија

Европска комисија денеска испрати писмо во кое ги известува организаторите на Венецијанско биенале дека ќе ја стопира субвенцијата од два милиона евра откако беше дозволено отворање на руски павилјон.

– Во моментот постои само една субвенција во висина од два милиона евра за следните три години и таа планираме да ја стопираме – изјави портпаролот на ЕК.

Организаторите на Венецијанското биенале, што се отвора на 9 мај, имаат рок од 30 дена да одговорат на писмото.

Францускиот весник „Монд“ вчера објави дека група уметници и академици изразиле незадоволство поради враќањето на Русија на Биеналето.

Потпретседателката на ЕК, Хена Виркунен на 10 март предупреди дека Европска Унија ќе реагира доколку Венецијанското биенале не ја повлече својата одлука да ѝ дозволи на Русија да учествува на меѓународната изложба на современа уметност.

– Културата ги промовира и заштитува демократските вредности, охрабрува отворен дијалог, разновидност и слобода на изразување и никогаш не смее да се користи како платформа за пропаганда – нагласи тогаш Виркунен.

На почетокот на март, украинските власти ги повикаа организаторите на Венецијанско биенале да не ѝ дозволат враќање на Русија, која не учествува од 2022 година откако ја нападна Украина.

Маркетинг
Ad 4
Ad 3