Connect with us

Свет

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД

Русија доби покана за учество на Самитот на Г20 во САД, кој ќе се одржи во декември, јави Анадолија.

– Постои покана за учество на највисоко ниво – изјави заменик-министерот за надворешни работи, Александар Панкин.

Тој додаде дека сè уште не е прецизирано кој ќе ја претставува Русија на овој собир, информирајќи дека одлуката се очекува да биде донесена поблиску до датумот на самиот настан.

Самитот е предвидено да се одржи во Мајами, Флорида, на 14 и 15 декември.

Самитот на Г20 претставува годишен собир на лидерите на развиените економии и економиите во развој, на кој се дискутира за најитните глобални предизвици.

Маркетинг
Ad 1
Ad 2