Connect with us

Вести

Министерството за правда: Зголемен степен на реализација на реформските активности во правосудството

Денеска се одржа третата седница на Советот за следење на реформите во правосудството – информираат од Министерството за правда. Како Министерство, велат, работиме посветено и со засилен интензитет, а резултатите го потврдуваат тоа.

– Повеќе од половина од планираните активности за 2025 година се веќе реализирани, што претставува значителен напредок. Според податоците, од вкупно 116 планирани активности, 66 се целосно реализирани, а 50 се во тек, што укажува на зголемена динамика и засилен институционален ангажман во спроведувањето на реформите – порачуваат од Министерството за правда.

Особено е важно, додаваат, што денеска ги заокруживме клучните процеси за функционирање на Советот за следење на реформите во правосудството. Донесовме деловник за работа, а методологијата за следење и евалуација на секторската стратегија за правосудство 2024 – 2028 година беше усвоена едногласно. Со тоа поставуваме цврста основа за поголема ефикасност, транспарентност и отчетност во следењето на реформските процеси.

– Нашиот фокус останува на конкретни резултати, особено на мерките со рок до јуни 2026 година. Ќе продолжиме со интензивна работа, во партнерство со сите релевантни институции, меѓународната заедница и експертската јавност – нагласуваат од Министерството за правда.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4