Вести
МВР: Лажни се дојавите за бомби во трговските центри Ист гејт и Дајмонд
Министерството за внатрешни работи информира дека заканите за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ – се лажни.
„Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри ‘Ист гејт’ и ‘Дајмонд’ во Скопје се поставени експлозивни направи.
Веднаш по добиените пријави преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициски службеници во внатрешноста и околу објектите, при што е утврдено дека станува збор за лажни дојави за бомби“, се потвдрува во соопштението на МВР.
Во текот на утринските часови, не им бил дозволен влез на граѓаните кои сакале да ги посетат овие трговски центри во Скопје, додека траела проверката на службените лица од МВР.
април 19, 2026

