Connect with us

Регион

Брнабиќ: За седум до десет дена ќе има седница на Собранието на чиј дневен ред ќе биде гласање за недоверба на Владата

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека за седум до 10 дена треба да се одржи седница на која ќе се разгледа предлогот на 62 пратеника од опозицијата за гласање недоверба на Владата на Србија.

Таа за ТВ Прва изјави дека парламентарното мнозинство ќе обезбеди кворум и дека пратениците ќе имаат три работни дена за дискусија, додавајќи дека тоа ќе биде политички перфоманс, бидејќи е сосема јасно дека Владата има доверба.

„Ако немате кворум, тогаш сигурно немате доволно гласови за да ја соборите владата“, рече Ана Брнабиќ и објасни дека на парламентарниот колегиум било договорено парламентарното мнозинство да обезбеди кворум, но дека седницата треба да трае три работни дена, што е „повеќе од фер за политичкиот перфоманс на пратениците од опозицијата“.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4