Хроника
Опожарен полициски автомобил во Старо Нагоричане
Опожарен е полициски автомобил во општина Старо Нагоричане, соопшти денеска СВР Куманово. Вчера во 18:20 часот во кумановската полиција било пријавено дека на паркинг простор во село Младо Нагоричане настанал пожар во патничко моторно возило „цитроен“, сопственост на МВР.
-Според пријавеното, пожарот настанал веднаш откако полициските службеници го паркирале возилото. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема, соопшти полицијата.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
март 3, 2026

