Хроника
Кај жител на Чашка полицијата пронајде и одзема огревни дрва без жиг
Полицијата вчера при преглед на домот кај жител на Чашка пронајде и одзеде огревни дрва без жиг и соодветна документација.
-Во периодот од 19:00 до 22:30 часот, синоќа полициски службеници од Полициското одделение Чашка, со согласност од сопственикот, 78 годишниот Б.Н. од Чашка, извршиле преглед во неговиот дом и помошни простории, каде биле пронајдени и одземени огревни дрва без жиг и соодветна документација, информираат попладнево од СВР Велес.
Дрвата се предадени во склад на ЈП „Национални шуми“. По документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава, најавија од СВР Велес.
март 3, 2026

