Connect with us

Вести

Документи на Епштајн: Извозот на мозоци ја бранува македонската јавност, Дума тврди дека сме биле дел од научни истражувања

Потвредено е – Човечки мозоци од Македонија се испраќале за научни цели во САД! Оваа вест од вчеравечер главна тема за дискусија меѓу Македонците на социјалните мрежи. 

Во објавени електронски пораки и документи поврзани со случајот на починатиот американски милионер Џефри Епштајн се појавуваат наводи дека човечки мозоци од починати лица од Македонија биле замрзнувани и транспортирани во Соединетите Американски Држави за научно-истражувачки цели. 

Поранешниот директор на Институтот за судска медицина, Алексеј Дума, во изјава за „360 степени“ потврдува дека станува збор за проект што се реализирал во периодот меѓу 1990-тите и 2000-тите години. 

Она што особено се дискутира е прашањето дали тоа било правено со претходна согласност од семејствата на починатите, со оглед дека, неофицијално доктор Алексеј Дума, не се сеќава дали биле барани потписи за дозвола од семејствата.